Пребарувај по датум:
2011-07-17

ЦКА-ПХВ пехарот отпатува за Охрид

Овогодинешниот добитник на ЦКА-ПХВ преодниот пехар за најмногу изработени проекти со сонце во циклусот 2010/2011 е ООЦК Охрид.

По тој повод, на 07.07.2011 ООЦК Охрид беше домаќин на свеченото доделување на златниот пехар. На манифестацијата која се оддржа во свечената сала на општината Охрид беа присутни претставници од неколку општински организации на Црвен крст: ООЦК Кичево, ООЦК Чаир, ООЦК Центар и Црвениот крст на град Скопје, како и претставници од ЦКА-ПХВ колегиумот и претставници од ЦКА-ПХВ канцеларијата кои го врачија преодниот пехар.
ООЦК Охрид се покажаа како вистински домаќини на настанот, притоа давајќи особена важност на ЦКА-ПХВ проектот во нивниот град, а посебен акцент на манифестацијата беше присуството и обраќањето на градоначалникот на град Охрид кој во повеќе наврати истакна дека организацијата на Црвениот Крст е се присутна во општествениот живот на нивниот град.
Покрај присуството на повеќе претсавници на фирми, донатори и училишта особена чест на ЦКА-ПХВ тимот беше присуството на волонтерите на ООЦК Охрид кои се вистинските добитници на пехарот, оние кои ги изработија малите ЦКА-ПХВ проекти.
Токму волонтерите во склоп на програмата на манифестацијата организираа визуелна парада и на креативен начин ги презентираа сите проекти со кои ООЦК Охрид има учествувано во ЦКА-ПХВ проектот во текот на изминатите неколку циклуси.
Исто така, во Охрид беа доделени и дипломите за преостанатите 9 ООЦК кои во овој циклус изработија проекти со сонце. Манифестацијата беше придружена со настап на младата пијанистка Миланка и коктел за убав завршеток.
Сега, откако на ваков особено префинет начин се заокружи ЦКА-ПХВ циклусот 2010/2011, потсетуваме дека во текот на истиот беа изработени рекордни 115 проекти изработени од волонтерите на 34 ООЦК, од кои 16 оценети со сонциња, а дури четири реализирани од рацете на младите волонтери на ООЦК Охрид.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.