Пребарувај по датум:
2011-07-16

Црвен крст на град Скопје добитник на награда за поттикнување на донаторски практики кај претпријатија и индивидуалци

Во организација на Центарот за инстиуционален развој – ЦИРа на 11 Јули беа доделени наградите за филантропија и општествена одговорност за 2010 година.

Во категоријата Развој на филантропски практики, наградата ја доби Црвениот крст на град Скопје како организација која посветено работи на поттикнување на донатрски практитки кај претпријатија и индивидуалци.
Добивањето на оваа награда е признание за придонесот кој вработените и волонтерите на Црвениот крст го дале во 2010 година во насока на мобилизирање на ресурси од локалната заедница, а со цел за подобрување на животот на ранливите категории на население

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.