Заштита на населението од топлотни бранови
Црвен крст на град Скопје во соработка со Црвениот крст на Р.Македонија, а со финансиска подршка
од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје- Скопје ги реализираат следите активности за заштита на населението од топлотни бранови.
• Отворена е бесплатна СОС телефонска линија – 02 32 21 902. за топлотни бранови која ќе биде фунционална во периодот до 15 септември, со цел да обезбеди совети за граѓаните поврзани со заштита од топлото време и топлотните бранови. Телефонската линија функционира во просториите на Црвен крст на Град Скопје од 10 до 18 часот.
• Испечатени се и се дистрибуираат четири вида на едукативен материјал со совети за зачувување на здравјето од топлотните бранови на македонски и албански јазики и тоа флаери за општа популација, матични лекари, раководители на здравствени, социјални институции и работници
• Мобилните тимови на Црвен крст на Град Скопје, со финансиска подршка на Град Скопје, како и изминативе неколку години се на терен и нудат помош на населението во вид на мерење на крвен притисок на сите граѓани кои имаат потреба, делење на едукативен материјал и шишиња со вода на најфреквентните места низ градот. Со поддршка на Град Скопје се подготвени и флаери за заштита од пожари на Водно и Матка.
• Соработка на ова поле остваруваме и со аптеките на ЗАМ (15 аптеки на територија на град Скопје) каде што ќе може да се мери шеќер и крвен притисок за време на акцијата за заштита од топлотниот бран Јули-Септември. Во аптеките ќе бидат дистрибуирани и флаерите со совети за граѓаите за заштита од топлотниот бран.
• Едукативни предавања на тема Превенција од кардиоваскуларни заболувања како последица од високите температури се реализраат од страна на д-р Жан Митрев и неговиот тим од Специјалнта болница Филип Втори во општинските организации на Црвен крст Куманово, Крива Паланка, Кочани и Виница.
За да ја симнете деталната листа на аптеките на ЗАМ кликнете Download.