ПРОНАЈДИ ГО ВОЛОНТЕРОТ ВО СЕБЕ
Одбележување на 08 Мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
По повод Годината на волонтеризмот, во рамки на кампањата „Пронајди го волонтерот во себе„ Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на територија на град Скопје ќе организираат голем број на активности до крајот на годината.
Кампањата во Скопје официјално започна во 12:00 часот на 8-ми Мај Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, на ул. Македонија пред спомен куќата на Мајка Тереза.
На истата 130 волонтери поделени во 5 групи со чадори во раката симболично маршираа по улиците во центарот на градот и сите во 12:00 часот се споија пред спомен куќата на Мајка Тереза, каде и свечено беше означен почетокот на кампањата.
Во рамки на програма, поводот за случувањето и некои основни информации за годината на волонтеризмот беа пренесени во официјалното обраќање на водителката на манифестацијата.
Како поддржувачи на активноста се приклучија и младите ѕвезди од македонскиот ИДОЛ, кои со своето присуство го збогатија настанот, а секој од нив поединечно упати честитки кон волонтерите за нивната ангажираност како и поддршка кон активностите на Црвениот крст.
На манифестацијата имаше и музички блок во организација на Бекстејџ, со присуство и изведба на музички нумери од нивните албуми.
Покрај тоа пантомима групата составена од волонтерите на Црвениот крст имаше интересен и несекојдневен настап со музичка кореографија.
Во текот на целиот настан дистрибуирани беа флаери преку кои граѓаните може да добијат повеќе информации за кампањата и за можностите да се станат дел од големото семејство на волонтери во Црвениот крст.
Како завршен дел од настанот, сите волонтери ги пуштија да полетаат балоните, симболична порака за ширење на волонтеризмот и пораката на кампањата – Пронајди го волонтерот во себе.
Настанот медиумски беше поддржан од А1 ТВ, Алфа ТВ, 24 часа , ТРТ кои направија прилози од случувањето и вклучија изјави од волонтерите.
Водител на програмата беше Анкица Стојановска