Моето срце во сите бои
Проект за психосоцијална поддршка на деца со вродени срцево садови аномалии
Црвениот крст на град Скопје во рамките на програмата за здравствено превентивна заштита, започна со реализација на активности за помош и поддршка на деца со вродени и стекнати срцевосадови заболувања.
Во Македонија, последниве пет години се забележува пораст на бројот на лица кои имаат проблем со срцето и крвните садови, па од таму е и потребата од иницирање на проект за психосоцијална поддршка на децата со вродени срцеви аномалии.
Проектот се реализира во соработка со Специјалната болница Филип Втори, а финансиски е поддржан од Хјундаи, Кореа аутотрејд Македонија.
Во рамките на проектот веќе е реализирана првата работилница (обука) на 10 волонтери на Црвен крст на град Скопје и ООЦК на територија на град Скопје, кои ќе бидат активна поддршка на децата и нивните родители во текот на летниот камп кој се планира за месец Јуни.
Исто така испечатен е прирачник и боенка со наслов Моето срце во сите бои.