Пребарувај по датум:
2010-12-15

„Донирај облека СЕГА“

Црвениот крст на град Скопје во соработка со веб страната www.fancy.mk  организираше акција за донирање на облека која се реализираше во саботата на 11.12.2010 год. на плоштад Македонија.

Собирањето на  користена облека е традиционална активност на Црвениот крст, а со овааа акција имавме за цел да допреме до помладата популација на граѓани (млади од 18 до 27 год)  и да ги информираме за начините на донирање на облека.

Покрај собирањето на облека имавме за цел да го промовираме и новиот начин на собирање облека кој ќе започне во 2011 година, односно, граѓаните ќе можат да ја донираат облеката во одредени денови во неделата на одредени локации за што ќе бидат информирани преку дневните печати, утринските телевизиски емисии како и преку интернтет.

Облеката ќе биде сортирана и складирана од страна на волонтери во опремена просторија наменета токму за оваа облека, од каде ќе можат да ја подигаат граѓаните на кои истата им е потребна.

На акцијата беа собрани 58 пакети со облека, а интересот на случајните минувачи за начините на донирање на облека беше навистина голем.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.