РАЗБУДЕТЕ СЕ ХУМАНИ 2
На 15.10.2010, во организација на Дормео и Црвен Крст на град Скопје, започнa голема хуманитарната акција „Разбудете се хумани 2“, чија цел е подобрување на животните услови на ранливата категорија на луѓе преку собирање на користени душеци и нивно донирање во иституции кои се грижат за нив (болници, домови за стари лица, станови на деца без родители, казнено поправни домови).
Црвен Крст ќе ги првезема донираните душеци од домовите на донаторите, а Дормео, на сите хумани граѓани, ќе им овозможи попусти за купување на Дормео производите, бесплатна достава и убави Дормео подароци.
Хуманитарната акција ќе трае до 15.11.2010, а во неа можат да се приклучат граѓаните од цела Македонија.
Инаку, ова е втора хуманитарна акција во заедничка организација на Дормео и Црвен крст на град Скопје.
Подетални информации за акцијата можете да добиете на 02/3094-555