Училишен прибор и облека за децата-бегалци
На 01 Септември амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер и претставници од амбасадата го посетија Центарот за поддршка на бегалците, кој е менаџиран од Црвен крст на град Скопје,
а поддржан од УНХЦР-канцеларијата во Скопје и ја доделија донацијата од училишен прибор и пакет со облека на децата од заедницата на бегалци кои се вклучени во образовниот процес, а го посетуваат Центарот.
Црвен крст на град Скопје во соработка со Високиот Комесаријат за Бегалци при Обединетите Нации (УНХЦР) – канцеларија во Скопје, веќе две години работи на подигнување на квалитетот на образование помеѓу децата од заедницата на бегалците. Активностите за постигнување на таа цел се реализираат преку функионирањето на едукативниот центар во Шуто Оризари, кој е наменет за сите деца на возраст од 6 до 18 години кои редовно го посетуваат основното и средно образование.
Поддршката која ја добивме од Американската амбсада во Р.Македонија е уште еден значаен чекор во остварувањето на Целта на центарот – да помогне во решавање на секојдневните проблеми на лицата од интерес на УНХЦР, како и да креира активности и програми согласно потребите и барањата на овие лица.