Одбележување на светски ден за борба против ХИВ/СИДА
Оваа година Црвен крст на град Скопје, со поддршка на високиот комесаријат за бегалци во РМ (УНХЦР) Скопје, на 1 Декември традиционално се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на борба против СИДА/ХИВ вирусот, пред се со акцент на младата популација во РМ.
На овој начин превентивно и едукативно делувавме кај нашите врсници за свесноста и опасностите кои демнат ако не сме свесни за ризиците и последиците од оваа болест.
На 1 Декември оваа година реализиран беше музички хепенинг со ѕвездите од нашата естрада (Кристина Арнаудова, Влатко, Неџт тиме), како дел од активностите кои беа предвидени за овој ден. Хепенингот се случи на градскиот плоштад Македонија. Во исто време беа поставени и 2 штанда на кои имаше промотивни и едукативни материјали поврзани со одбележувањето на светскиот ден на борба против СИДА. Материјалите останаа и како трајно потсетување за настанот, кој акцент стави на перманентна едукација и подигнување на свест за опасностите од ХИВ/СИДА кај младата популација. На самиот настан беа поделени околу 600 пакетчиња со материјали.
Во рамките на неделата на борба против ХИВ/СИДА (01-07.12) исто така предвидовме поставување на штанд на локација на плоштадот во Шуто Оризари на 04.12 на кој младите од Црвениот крст и младите од семејствата баратели на азил ќе делат промотивни материјали за ХИВ/СИДА и активно ќе ги искористат своите стекнати знаења.