Пребарувај по датум:
2008-12-02

Едноднева екскурзија со децата од интернатот од с. Љубанци

Одделот за млади на Црвен крст на град Скопје, во рамките на своите традиционални хуманитарни активности организира дружење со деца од социјално загрозени семејства, ранливи категории и рурални средини.

Преку овој вид на активности, сакаме да им подариме забава, радост и убави моменти на децата на кои им недостасува повеќе дружење, забава, радост.

Една таква активност беше реализирана на  26.11.2008 година. Младинците на Црвен крст на град Скопје со организиран превоз, ги земаа децата од интернатот во с.Љубанци. Оттаму следуваше посета на Зоолошката градина, каде што децата имаа можност да ги видат и одблизу да ги запознаат животните. Потоа го посетивме и Природно-научниот музеј, каде што кустосот не запозна со се она што го нуди музејот и сите видови животни кои постојат во Р. Македонија.
За крај следуваше топол оброк од Мек Доналдс и прошетка во ТЦ Рамстор.
Во придружба на младинците, по прекрасно поминатиот ден, со организиран превоз од Црвениот крст децата беа повторно вратени во с.Љубанци.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.