Ликовна колонија Струга 2008 г.
Традицијата за одржување на ликовни колонии во организација на Црвен крст на град Скопје и оваа година го продолжи својот континуитет.
Во периодот од 25.08 – 05.09.2008 година во Центарот за едукација и рекреација – Солферино во Струга, се одржа ВИИИ- тата ликовна колонија. На истата учествуваа 14 академски ликовни уметници од Р. Македонија, Р. Србија и Р. Бугарија.
Организаторот (Црвен крст на град Скопје) за секој учесник имаше обезбедено платна, бои, растворители и останати материјали потребни за творечкиот процес. Уметниците беа слободни во изборот на техниките на творење и материјалите потребни за истото. До крајот на ликовната колонија секој учесник остави во трајна сопственост на Црвен крст на град Скопје по 3(три) слики со најразлични ликовни техники и стилови кои се нивно лично обележје.
Благодарност до сите учесници кои својот личен белег го оставија преку своите дела, и во името на хуманоста подарија дел од себе.