Превентивен скрининг за машко здравје во Центарот за бездомни лица во Момин Поток од медицински тим од Здравствениот дом „Железничар“
На 11.11.2026 година, во просториите на Центарот за дневен престој за бездомни лица во Момин Поток, се реализираше превентивна здравствена активност во рамки на проектот Куќа на можности за ранливи и маргинализирани индивидуи во Северна Македонија, поддржан од Empress Shoken Fund. По повод месец ноември – месецот на машкото здравје, медицински тим од Здравствениот дом „Железничар“ – Скопје спроведе бесплатен скрининг за простата-специфичен антиген (ПСА) тест.
Со овој скрининг 17 машки корисници на центарот направија брза и едноставна анализа преку земање крв од прст. Главната цел на активноста беше навремено откривање на ризиците од заболувања на простатата, како и подигнување на свеста кај корисниците за значењето на редовните превентивни прегледи и препознавањето на раните симптоми.
