Отворено за бездомништво
На 01 октомври година беше реализирана конференцијата „Отворено за бездомништво“, посветена на состојбите, предизвиците и можностите за поддршка и реинтеграција на лицата кои се соочуваат со бездомништво во Македонија.
Во вториот дел беше реализирана модерирана дискусија со Даут Таир и Дејан Илиевски, корисници на услугите на Центарот за бездомници „Момин Поток“ при Црвениот крст, кои споделија лични искуства со бездомништвото. Беше споделена и животната приказна на Нино Антиќ, како пример за околности кои можат да доведат до губење на стабилноста и ризик од бездомништво.
Дискусијата ја модерираше Ана Крстев, психолог во Центарот „Момин Поток“, која преку насочени прашања ги поттикна учесниците да зборуваат за своите животни приказни, секојдневните предизвици и патот кон реинтеграција. Беа опфатени и причините кои придонеле за нивната состојба, меѓу кои сиромаштијата и коцкањето.
Активноста имаше за цел да им даде простор и глас на лицата со директно искуство со бездомништво и да овозможи оваа појава да се согледа и од нивна перспектива. Преку работата на Црвениот крст и Центарот „Момин Поток“ се обезбедуваат поддршка, психосоцијална помош, слушање на потребите и поддршка за нивно постепено зајакнување и повторно вклучување во општеството.
