Септември-месец на Првата помош
По повод Светскиот ден на првата помош, оваа година посветен на темата „Прва помош и миграции“, Центарот за обука по прва помош при Црвен крст на град Скопје реализираше повеќе активности.
Организирани беа 3 обуки по прва помош, на кои учествуваа 54 лица, со теми поврзани со првата помош и миграциите.
Темата беше обработена и во рамки на предавањата по прва помош за возачи, каде еден ден беше посветен на специфичните предизвици поврзани со укажувањето прва помош на лица во миграција.
Дополнително, беа подготвени и дистрибуирани 150 мини сета за прва помош, кои содржеа основни средства за укажување прва помош и илустриран флаер со практични упатства, достапен на англиски, персиски и арапски јазик.
Првата помош е знаење што треба да биде достапно за секого, без оглед на потеклото и јазикот.
