Посета на Осло, твининг програма
Во рамки на Твининг програмата, во периодот 13–17 септември 2026 година, беше реализирана студиска посета во Норвешка.
Во посетата учествуваа волонтери од Одделот за подготвеност и дејствување при катастрофи, со цел размена на искуства, знаења и добри практики во областа на подготвеноста и одговорот при катастрофи и вонредни состојби.
Во текот на посетата беа реализирани средби, презентации и практична размена на искуства со претставници на Црвениот крст – Осло, Search and Rescue, како и активности насочени кон запознавање со организацијата и функционирањето на волонтерските структури и системот за одговор при катастрофи во Норвешка.
Студиската посета претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на знаењата и капацитетите на волонтерите, како и кон развивањето и зајакнувањето на меѓусебната соработка во рамки на Твининг програмата.
