Пребарувај по датум:
2026-09-09

Инклузивен социјален настан-Посета на кино проекција за лица бездомници

Првиот социјален настан реализиран во рамките на проектот „Куќа на можности за ранливи и маргинализирани индивидуи во Северна Македонија“ беше посетата на кино проекција во кино „Синеплекс“, реализирана на крајот од август.

На настанот учествуваа 17 лица бездомници, заедно со стручната служба ангажирана во проектот и двајца волонтери. За да се обезбедат пријатна атмосфера и целосно доживување на настанот, за сите учесници беа обезбедени пијалаци за освежување и пуканки.

Во групата учесници имаше лица од различен пол, возраст, националност, религија и степен на образование, кои со задоволство ја прифатија поканата за заедничко гледање на филмот „Одисеја“.

Особено значајно беше да се слушнат позитивните впечатоци од учесниците, кои истакнаа дека уживале во изборот на филмот. За дел од нив, ова беше и прва посета на кино во животот. Од вкупно 17 учесници, само двајца претходно имале можност да гледаат филм во кино, додека за останатите ова беше прво вакво искуство.

Учесниците особено ја истакнаа важноста на тоа што за нив е организирана активност која им овозможила да се чувствуваат прифатено, уважено и рамноправно. Настанот придонесе не само за забава и дружење, туку и за создавање чувство на припадност и вклученост во заедницата.

Позитивното искуство ги мотивираше учесниците да продолжат да се вклучуваат во идните социјални активности во рамките на проектот, кои имаат за цел да придонесат кон нивната полесна социјална инклузија, зајакнување на нивното учество во заедницата и подобрување на квалитетот на живот.

Проектот „Куќа на можности за ранливи и маргинализирани индивидуи во Северна Македонија“ е поддржан Empress Shōken Fund.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.