2026-08-20
Конференција за млади во Норвешка
Во рамки на твининг-програмата со Црвен крст Осло-Норвешка, тројца волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје, заедно со волонтери од Општинската организација на Црвен крст Охрид, учествуваа на младинска конференција во Норвешка. На конференцијата учествуваа млади од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Норвешка, односно од земји во кои Црвен крст на Норвешка реализира твининг-програми.
Волонтерите ги претставија активностите, проектите и иницијативите што ги реализираат, со посебен акцент на улогата и придонесот на младите во работата на Црвениот крст.
Конференцијата беше одлична можност за споделување искуства и добри практики, запознавање со различни пристапи во работата со млади и создавање нови можности за соработка.
