Екскурзија за бездомни лица
Во рамки на проектот SHAPE – Зајакнување на пристапот до здравствена заштита, учество и социјална еднаквост на Западен Балкан, организирана беше еднодневна екскурзија за лицата кои ги користат услугите на Пунктот за бездомни
лица при Црвен крст на град Скопје.
Учесниците имаа можност да поминат пријатен ден во комплексот Оморани, исполнет со дружење, рекреација и заеднички активности во пријатна и опуштена атмосфера.
Ваквите активности придонесуваат кон поголема социјална вклученост, намалување на изолацијата и создавање можности за активно учество и поврзување во заедницата.
Проектот SHAPE се реализира со финансиска поддршка од Австриското Федерално Министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст.
