Сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 год.
Посетете ја и дарувајте крв на традиционалната крводарителска акција која Црвен крст на град Скопје ја организира во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 год., но и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.
Акција ќе се реализира во просториите на Дом на АРМ- Скопје, на 27.07 (понеделник) во периодот од 09.00 до 18.00 часот.
Поддршка во реализација на истата ќе дадат општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, во соработка со ИТМ.
На акцијата, освен дарители од Скопје, ќе ни се придружат дарители од Куманово (072/207-302), Свети Николе (071/240-050), Штип (070/333-893), Велес (071/754-942), Кочани (070/360-855) и Крива Паланка (070/231-239) за кои е обезбеден превоз со претходна најава на телефоните во прилог.
