ОСКАРИ НА ХУМАНОСТА
Со голема чест и гордост ја реализиравме овогодинешната манифестација „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје – настан посветен на оние кои преку својата хуманост, солидарност и несебична поддршка оставаат трајна позитивна трага во заедницата.
Ова признание е израз на искрена благодарност кон поединците, институциите и компаниите кои хуманоста ја претвораат во секојдневно дело преку поддршка на активностите и програмите на Црвен крст Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје.
„Оскарот на хуманоста“ не е само награда, туку порака дека добрината има моќ да инспирира, да обединува и да создава подобро општество за сите.
Продолжуваме да ги негуваме вредностите насолидарноста, хуманоста и меѓусебната поддршка, заедно со нашите партнери и пријатели, во служба на најранливите категории граѓани.
Честитки до наградените, позитивен пример во нашата заедница:
- Клубот на крводарители при Црвениот крст на град Скопје
- ТАВ Македонија
- Сава пензиско друштво
- ИТЕК СИСТЕМС ДООЕЛ
- Снежана Конеска Руси
- Марко Новески
- Тина Мицковска
- Билјана Сарагинова Панчевска
- Андреј Рајатоски “ Градинарот”
- Стопанска банка А.Д. Скопје
- Македонско радио
- Независниот синдикат на одбраната
- ООУ ,,Лазо Ангеловски”
- The Coca-Cola Company
како и до водителката на настанот Снеже Велков, како и до Сања Здјелар и бендот „Допамин“ кои го збогатија ова случување. Благодарност до Рагуза груп/Ragusa Group за отстапениот простори и целокупната поддршка.
