Пребарувај по датум:
2026-06-09

Конститутивната седница на Собранието на Црвен крст на град Скопје

На 8 јуни 2026 година, во х. Мериот Скопје, се одржа Изборно-конститутивната седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје, на која беа избрани новите раководни органи за мандатниот период 2026–2030 година.

На седницата, направена беше и куса ретроспектива за постигнувањата во изминатиот четиригодишен мандат како и благодарност за ангажманот за сите кои биле дел од раководните структури.

Со довербата на членовите на Собранието, за претседател на Црвен крст на град Скопје е избрана г-ѓа Ребека Андреева, а за потпретседател г. Ирфан Аземов.

Воедно беа избрани и членовите на Раководниот одбор и Финансовата комисија, кои во наредниот четиригодишен период ќе придонесуваат кон остварувањето на хуманитарната мисија и развојот на организацијата.

Собранието ги избра и претставниците на Црвен крст на град Скопје во Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија за мандатниот период 2026–2030 година.

Им честитаме на сите избрани членови и им посакуваме успешна работа, посветеност и многу хуманитарни успеси во унапредувањето на мисијата на Црвениот крст и поддршката на заедницата.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.