Пребарувај по датум:
2026-06-04

Натпревар по прва помош на градско ниво

Црвениот крст на град Скопје и оваа година го организираше традиционалниот градски натпревар по прва помош за победничките екипи од општинските натпревари во категоријата подмладок (ученици од основните училишта на територијата на град Скопје). На натпреварот учествуваа вкупно 15 екипи.

Натпреварот се одржа на 2 јуни (вторник), на Средно Водно, во објектот „Даре Бомбол”.

На една од базите младите имаа можност да научат, но и да го потврдат своето знаење за основните принципи на Црвениот крст и историјатот на Црвениот крст. На друга база тие се запознаа со нови содржини поврзани со првата психосоцијална помош.

На три бази се практикуваше прва помош, при што на секоја база имаше симулација со три повредени лица и нивно соодветно згрижување.

Првото место го освои екипата од Општинската организација на Црвен крст Гази Баба од ООУ „Наум Наумовски – Борче”. Второто место го освои екипата од Општинската организација на Црвен крст Центар од ООУ „Гоце Делчев”, а третото место го освои екипа, исто така од Општинската организација на Црвен крст Центар, од ООУ „Кирил и Методиј”.

Честитки до сите учесници за покажаното знаење и ангажман. Продолжуваме да ја учиме првата помош, затоа што таа спасува животи.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.