2026-05-14
Размена на искуства и практики
Во периодот од 08 до 10 мај 2026 година, претставници на Тимот за одговор при катастрофи – ЦКГС учествуваа на Годишното собрание на Теренската единица „Јован Јовановиќ – Змај“ во Нови Сад, Република Србија.
Целта на посетата беше размена на искуства помеѓу младите волонтери од регионот, како и унапредување на капацитетите на организацијата преку примена на позитивните искуства и практики од организациите на Црвениот крст во регионот.
Изразуваме благодарност до колегите и волонтерите од Црвен крст Нови Сад за нивното гостопримство и топол пречек.
