2026-05-12
Работилница за прва психолошка помош со Меѓународен Балкански Универзитет
На 08 мај беше реализирано предавање за прва психолошка помош со студентите на Меѓународен Балкански Универзитет. Во рамки на работилницата се дискутираше за основните принципи на првата психолошка помош, со посебен акцент на важноста на активното слушање и обезбедувањето практична поддршка во време на криза.
Учесниците имаа можност да разговараат за тоа како навремената психолошка поддршка може да им помогне на поединците да се чувствуваат побезбедно, поврзано и поддржано во тешки моменти.
Градењето свест и зајакнувањето на овие вештини кај младите претставува важен чекор кон создавање поотпорна и порезилиентна заедница.
