Пребарувај по датум:
2026-04-07

Преку партнерство до заедничка цел !

Согласно Меморандумот за соработка склучен помеѓу Црвениот крст на Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи, кој континуирано придонесува за зајакнување на подготвеноста и координацијата при хуманитарни активности и одговор при итни состојби, во периодот од 2 до 4 април, во хотел „Солферино“ – Струга, тим од Црвениот крст на град Скопје реализираше обука по прва помош за полициски службеници.

Обуката имаше за цел да ги оспособи полициските службеници како прв одговор на местото на настан при незгоди и несреќи, со акцент на навремено и правилно реагирање и стабилизација на повредени лица до пристигнување на екипите на Итната медицинска помош. Преку теоретски и практични вежби, учесниците стекнаа знаења и вештини за справување со различни итни ситуации, што придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните и поефикасно постапување на терен.

Оваа заедничка активност претставува можност за практична промоција на знаењата и вештините за прва помош пред граѓаните, унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и потврда на заедничката заложба за заштита на здравјето и безбедноста на заедницата.

.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.