РЕАЛИЗИРАН РАБОТЕН СОСТАНОК
На 22 декември, реализиран беше работен состанок со претставници на лицата од Украина со престој во РСМ, како и со претставници на релевантни институции и министерства, со фокус на:
✔Презентација на клучните наоди, теми, идентификувани потреби и приоритети на лицата од Украина;
✔ Дискусија за научените лекции од активностите на Црвениот крст, вклучувајќи успешни практики, предизвици и препораки за подобрување;
✔ Разгледување на насоки за излезна стратегија, улоги и одговорности на институциите, можности за продолжена соработка и договорени идни активности со временска рамка.
Состанокот е во рамки на проектот за поддршка на лицата од Украина поддржан од УНХЦР и придонесе кон зајакнување на меѓуинституционалната координација и поставување јасни насоки за понатамошна хуманитарна поддршката за лицата од Украина.
