2025-12-22
Центар за дневен престој за бездомни лица
На ден 19 декември 2025г., во Центарот за дневен престој за бездомни лица при Црвен крст на град Скопје беше одбележан празникот Св. Никола. По тој повод, беше обезбеден богат посен оброк за 100 бездомни лица, дониран од ТАВ Македонија и подготвен од професионалците на сестринската компанија БТА.
Значаен придонес во реализацијата и делењето на оброците дадоа културните медијатори – студенти од Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет – Скопје.
