2025-12-22
❤️ Завршена показната вежба „Да подариме насмевка“ на Детската клиника
На 22 декември успешно беше реализирана 8-мата показна вежба „Да подариме насмевка“ на Клиниката за детски болести при УКИМ „Мајка Тереза“ – Скопје.
Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, маскиран во супер херои, се спушташе по јаже и им подели подароци на хоспитализираните деца, носејќи им радост, охрабрување и празнична магија.
💪 Настанот беше реализиран во соработка со МВР и Хеликоптерската единица 🚁.
Насмевките на децата беа најголемиот успех на оваа хумана мисија.
