Одбележана ПХВ недела
Секоја година, од 21 до 27 септември, се одбележува ПХВ недела. Целта на оваа недела е промоција на позитивните вредности, мирот, толеранцијата и соживотот меѓу младите, како и признавање, охрабрување и мотивирање на нивните постигнувања на годишно ниво.
Оваа година, општински организации на Црвениот крст ја одбележаа неделата преку разни настани, работилници и активности. На младите им беа доделени благодарници за изработените проекти, а беа прикажани и инспиративни филмови поврзани со нивните успешни активности. На дел од настаните присуствуваа градоначалници, родители, партнери и поддржувачи. Вкупно, на промоциите присуствуваа лица.
Честитки за признанието, мотивацијата и поттикот кон младите кои остануваат активни, посветени и инспиративни во редовите на нашата организација!
