2025-04-07
7 април, Светски ден на здравјето
Корисниците од социјалната услуга ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ го одбележа Светскиот ден на здравјето со предавање од страна на физиотерапевт Бојан Димковски од центарот за физикална медицина и рехабилитација Физио Динамик.
Лицата во трето доба имаа можност да слушнат за придобивките од физичката активност, важноста на здравствената сосотојба како и да прашаат за одредени проблематики.
Едукативните предавања се од голема важност за повозрасната популација каде го збогатуваат степенот на едукација, развојот на квалитетен живот и грижата за нивното здравје.