2025-03-04
Нова Твининг програма во Норвешка
Во рамките на Твининг програма со Норвешки Црвен крст, Црвен крст на град Скопје потпиша тригодишен договор за соработка со Црвен крст Осло.
Петчлена делегација претстојуваше во работна посета на Осло и преку презентации, меѓусебно запознавање и разгледување на центрите на Црвениот крст ќе биде изработен оперативниот план за дејствување за наредниот период.