Пребарувај по датум:
2024-01-12

Доделување на сертификати за обука за Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

На 11.01.2024 во просториите на Центарот за обука при Црвениот крст на град Скопје беше организиран завршен настан за доделување на сертификати на учесниците во обуката за ,, Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест“. На истата обука успешно беа сертифицирани 11 нови асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест.

Обуката се одвиваше во периодот од 24.10.2023 до 25.12.2023 во Едукативниот тренинг центар на Црвениот крст на град Скопје.  Одговорни за наставните содржини на обуката беа пет  едукатори од различни профили како социјален работник, доктор, медицинска сестра, психолог и негувател. Во рамките на оваа обука кандидатите се стекнаа со нови знаења и техники од областа на Алцхајмеровата болест, психосоцијалната поддршка, како и теоретски и практични знаења за нега на лица со Алцхајмерова болест.

Обуката се реализираше со поддршка од Швајцарски Црвен крст, во соработка со Црввен крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.