Пребарувај по датум:
2023-12-15

Реализрани работилници за основни дигитални вештини кај лица во трето доба

Во период од октомври до ноември месец во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје се имплементираа 7 обуки, односно 12 модули за основни дигитални вештини наменети за лица во трето доба. Овие активности се спроведуваа во рамките на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет” со поддршка на Readiness for Europe.

Вкупно 23 корисници од дневниот центар за стари лица во ДХО Даре Џамбаз ги проследија обуките со што се здобија со сертификат за стекнати дигитални вештини и безбедно присуство на интернет.

Целта на овие работилници е корисниците да ги совладаат техниките и вештините за користење на дигитални услуги и унапредување на нивното знање. Со оваа активност се подигнува свеста за степенот на едукација кај лица во трето доба.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.