Пребарувај по датум:
2023-11-15

Посета на Црвен крст Босна и Херцеговина

На 08.11 и 09.11.2023 г. во Сараево, Босна и Херцеговина се оддржа регионална конференција на тема “ Црвен крст во заедницата – Солидарност и заедништво во пружање помош и нега во домот и активности за здраво стареење “ по повод одбележување на 10 години од постоење на овој сервис во Црвен крст Босна и Херцеговина со поддршка на Швајцарски Црвен крст.

На конференцијата присуствуваа двајца преставници од сервисот  “ Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови “ при Црвен Крст на град Скопје, каде што се презентираа сите активности и сервиси за стари лица пред делегатите од балканскиот регион, се разменија практики на работење во сервисите за стари лица и се споделуваа идеи и начини за понатамошна работа.

Овој вид на конференции се од голема важност со цел споделување на искуства и начини на работа во овие сервиси на регионало ниво, промовирање на здравото стареење како начин на живот и помош во домашни услови како услуги и активно стареење во дневните центри за стари лица кои се потребни во нашето опкружување.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.