Посета на Црвен крст Телемарк-Норвешка
Во периодот од 08 до 12 ноември, делегација на Црвен крст на град Скопје беше во посета на Црвен крст Телемарк- Норвешка. Делегацијата беше составена од 8 члена- двајца стручни работници при Црвен крст на град Скопје и 6 волонтери од тимот за одговор при катастрофи, негувател од Нега центар – Карпош, помагатели на ранливи целни групи, парамедик и волонтер во Дневен центар за стари лица.
За време на посетата, делегацијата имаше можност да се запознае со работата на националната канцеларија на Црвен Крст – Норвешка во Осло како и со работата и активностите на канцеларијата на Црвен крст – Телемарк, лоцирана во Поршгрун.
Делегацијата имаше можност да ја посети ,,Куќата на Анри Динан’’ (Henrys House), место за млади, каде што делегацијата доби информации за целиот концепт за работа со млади од Телемарк.
Црвен крст на град Скопје имаше можност да ги претстави своите активности, приоритетите и областите на делување пред 190 волонтери од Телемарк на настан во Лангесунд каде што волонтери од областа Телемарк имаа заедничка викенд дружба.
Оваа соработка со Црвен крст Телемарк се должи на потпишаниот меморандум за Твининг соработка од 2016 година.