Пребарувај по датум:
2023-02-17

Награда “Големо срце” за тимот од пунктот за бездомници

На ден 8 февруари 2023 во пунктот за бездомници при Црвен крст-Момин Поток, Здружението на жени менаџери Елит донираше готвена храна за 75 бездомни лица, топла облека за зимскиот период, суплементи,витамини, прекривки, средства за лична хигиена, лекови за наредните два месеца како и вреќи за спиење и перници.

Здружението на жени менаџери Елит воедно им ја додели наградата ,,Големо срце,, на стручниот тим од пунктот за бездомници при Црвен крст кој 15 години во континуитет им ја дава потребната помош и поддршка на оваа целна група.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.