Пребарувај по датум:
2022-12-06

Светскиот ден на волонтерството

На 5 декември, на Плоштадот Македонија, го одбележавме Светскиот ден на волонтерството под мотото “Солидарност преку волонтирање!”

Преку игра на светлина, бои и холограм се навративме во минатото, и ја видовме куќата на нашиот основополжник Анри Динан, но и тој самиот ни ја раскажа идејата за раѓањето на Црвениот крст.

Имавме можност да видиме и три видео записи со позитивни приказни за можностите за волонтирање во Црвениот крст.

На настанот беа доделени национални признанија на истакнати волонтери во знак на благодарност за нивниот севкупен придонес и остварувања во обезбедувањето поддршка на различни целни групи на население во Република Северна Македонија за 2022 година.

Менче Јовановска е волонтер, заменик-лидер на Клуб на млади во Црвен крст Ресен и врснички едукатор во областа ментално здравје од Општинската организација на Црвен крст Ресен. Била дел од ПХВ програма и изработувала мали проекти за добробит на заедницата со кои направила промени во животите на луѓето. Таа е позитивна и ги поттикнува другите да волонтираат.

Роберт Раман е волонтер од Црвен крст Чаир. Тој бил дел од ПХВ програмата, најнапред како младинец кој изработувал проекти за добробит на заедницата, но и како дисеминатор, едукатор по прва помош, шминкер за реалистичко прикажување на повреди. Ангажиран бил и како професор по англиски јазик на групи мигранти и бегалци кои пристојуваат во наша земја. Активен, посветен, инспирација за многу волонтери.

Един Шабани е волонтер во Црвен крст Чаир. Тој учествувал на натпревари по прва помош, бил дел од ПХВ програмата и реализирал мали проекти за добробит на заедница, а особено е активен на полето крводарителство. Во оваа област се јавува и како крводарител, но и како мотиватор и поттикнувач на хумани иницијативи во својата работна средина.

Катица Жежова е волонтер од Црвен крст Штип, пример за посветен и долгогодишен волонтер, крводарителка со 82 крводарувања и мотиватор во крводарителството. Изработува и рачни изработи кои им ги подарува на новите крводарители во знак на уважување и мотивација.

Никол Ѓорѓевскa е волонтер од Црвен крст Куманово. Таа веќе шест години е активен волонтер и е лидер на Клуб на млади Куманово,  обучен волонтер по прва помош, врснички едукатор за борба против трговија со луѓе, врснички едукатор за ХИВ/СИДА/СПИ, врснички едукатор за борба против болести од зависности. Била активно вклучен во многу активност поврзани со ковид пандемијата и дава поддршка на населението. Била и ментор на групи на локално ниво во програмата ПХВ.

Леона Костоска е волонтер од Црвен крст на град Скопје. Во 2017 година, оваа млада волонтерка го започнува својот волонтерски ангажман во социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашну услови” во Црвен крст на град Скопје. Tаа е активен волонтер во социјалниот сервис и дава поддршка на корисници – лица во трето доба, во домашни услови. Исто така е вклучен во активностите во Клубот на Млади на Црвен крст на град Скопје. Била многу активна на вакциналните пунктови за време на пандемијата со Ковид, а учествува во многубројните проекти како што е ПХВ, активности и работа со лица со попреченост, собирни акции, младински иницијативи.

Христина Стојкоска, Антонио Богдановски, Пеце Крстески, Кристијан Крстески, Ангела Цветковска, Јасна Младеновска, Димитар Баулоски, Теа Ристеска, Ана Гунзовска, Симон Михајловски се волонтери од Општинска организација на Црвен крст Битола. Како група долгогодишни волонтери  тие се членови на координативно тело, заслужни за успешно справување со Ковид-19 како дел од тимот за дистрибуција на храна и хигиенски производи, активни се како врсничи едукатори, лидери на Клуб на млади, дел се од мобилните тимови на терен и даваат голем придонес  за успешна работа на Општинската Организација.

Честитки за сите добитници на национали признанија и посакуваме да бидат и понатаму позитивни примери во својата заедница, да мотивираат и поттикнуваат позитивни промени преку волонтирање.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.