Одбележување на Недела на борба против шеќерната болест
Секоја година традиционално се посветува на одбележување на Неделата на борба против Шеќерната болест (10 – 16 Октомври) како најчесто ендокринолошко заболување со тенденција на постојан пораст. По тој повод се одржаа низа активности како мерење шекер во крв на лицата во Прифатните и транзитните центри, во пунктот за бездомници и едукации.
Во дневните центри за стари лица во ДХО Даре Џамбаз и ООЦК Чаир се организираа општи медицински прегледи каде корисниците имаа можност да го проверат шеќерот во крвта да измерат крвен притисок и сатурација.
На 14ти октомври во ООЦК Чаир корисниците од трите дневни присуствуваа на предавање на тема „Заштита и превенција од шеќерна болест” како и запознавање со здрави намирници, подготовки и дегустација на здрави оброци со нутриционист Цвета Динева.