Пребарувај по датум:
2022-10-12

Регионална средба за ментално здравје и психо-социјална поддршка

Црвен крст на Република Северна Македонија-Црвен крст на град Скопје реализираше регионална средба на тема: ,,Ментално здравје и психо-социјална поддршка-алатки и практики’’ во периодот од 07.10.2022 до 09.10.2022 во Струга во рамки на проектот: Migration Case for Support: ‘’ Humanitarian Assistance and Protection for People on the Move’’.

Средбата беше наменета за размена на искуства во давањето на психо-социјална поддршка и реализација на активности за ментално здравје,  подобрување на меѓуграничната соработка на Националните Друштва на Црвениот крст од регионот, како и дискусии за алатките и практиките во давањето на психо-социјална поддршка и активности за ментално здравје наменети за лицата во движење. Работилниците беа фокусирани на потребата од грижа за менталното здравје на волонтерите, вработените,  бегалците и на лицата афектирани од кризи.

Сите учесници беа професионалци, волонтери и соработници на Националните Друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Северна Македонија како и претставник од Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.