Студиска посета
Во периодот од 14 до 16 јули, Црвениот крст на град Скопје организираше тридневна студиска посета за размена на искуства со Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица. Вкупно шест членови од тимот на сервисите за Помош и нега во домот и Лична асистенција при Црвен крст на град Скопје беа дел од повеќе активности за зајакнување на групната кохезија во тимот и размена на искуства. Посетата беше во насока на размена на добри практики во работењето и запознавање со активностите на сервисите за Помош и нега во домот и Лична асистенци при ЦКГС и ООЦК Струмица.
Во рамки на истата, реализирани се и теренски посети во домашни услови на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост, корисници на услугите во рурална средина во општина Ново Село. Ваквите посети се одлична можност за подобрување на соработката, размена на идеи и искуства во давањето на квалитетни социјални услуги на локално ниво и унапредување на работењето на сервисите во Скопје и Струмица.
Оваа активност е поддржана од Швајцарски ЦK.