Првоаприлско дружење
Волонтерите од Црвен крст на град Скопје во соработка со нашите пријатели од Custom pub, за корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години Пролет, корисниците од Центарот за церебрална парализа како и лица со пореченост кои се дел од проектот „Хуманко“кој ООЦК Карпош успешно го имплементира години наназад, организираа првоаприлска забава. Им благодариме на Јана Спиркоска и Александар Спасенцовски кои со својот талент секогаш даваат поддршка во забавниот дел во рамки на активностите на Црвен крст на град Скопје и аниматорите од кловн Лили кои со голема љубов се трудат да ги развеселат лицата со попреченост. Заедно имавме убав и весел ден исполнет со многу насмевки и интересни маски.
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје во рамки на проектот за поддршка и социјализација на лица со попреченост поддржан од Комерцијална банка и понатаму ќе даваат поддршка за оваа целна група.