2022-04-01
Посета на министерката за труд и социјална политика на Центарот за обуки
На 30 март, министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска, го посети Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје, кој е верификуван провајдер од страна на ЈУ Центар за Образование на возрасни за следните програми:
- негуватели за помош и нега во домот;
- лична асистенција на лица со попреченост;
- палијативни негуватели за изнемоштени лица;
- асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест;
На средбата се дискутираа можностите за унапредување и подобрување на социјалните услуги помош и нега во домот и лична асистенција, како и моменталните предизвици со кои се соочуваат негувателите и личните асистенти кои директно ја испорачуваат услугата на терен.