Пребарувај по датум:
2022-01-05

Успешно спроведена обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Црвениот крст на град Скопје во рамки на акредитираната програма „Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“ на 29.12.2021 додели сертификати на 15 негуватели кои успешно ја завршија обуката за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Таа се одвиваше во периодот од 01.11.2021 до 21.12.2021. За време на обуката беа почитувани сите протоколи за заштита и превенција од Ковид 19.

Обуката беше реализирана од страна на четворица едукатори од различни профили и тоа:  дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра. Во рамки на оваа обука учесниците се стекнаа со нови знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијалната поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои и се обучуваат негувателите.  Оваа активност беше обезбедена со поддршка Швајцарски Црвен крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.