Одбележување на Светскиот ден на првата помош-Биди херој во твоето училиште
Црвениот крст е лидер во активностите насочени кон едукација за Прва помош како животоспасувачка вештина, нудејќи ги своите услуги на населението со цел нивно масовно оспособување и градење на побезбедни и поздрави заедници. Во насока на промоција на значењето на првата помош, секоја година се одбележува и Светскиот ден на првата помош, со низа активности, таргетирајќи различни целни групи.
Оваа година, Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности го одбележија Светскиот ден на Првата помош -11 септември, под мотото „Биди херој во твоето училиште“. Како дел од планираните активност, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците и наставниот кадар, донирани се наменски опремени ранци со санитетски материјали и останата опрема за укажување прва помош за 31 средно училиште на територија на градот Скопје. Во секое училиште ќе биде обучена екипа за правилно и навремено укажување на прва помош, а едукациите ќе бидат контунирани во текот на целата година. Обуката ќе се реализира во координација со Општинската организација на Црвен крст на чија територија се наоѓа училиштето.