Волонтери во акција
Црвен крст на град Скопје заедно со 5-те ООЦК на територија на град Скопје, продолжува со континуираните активности за борба против КОВИД-19, овој пат давајќи директна поддршка на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë а со тоа и на целата заедница.
Од денеска, волонтерите на Црвениот крст започнуваат со ангажман во арена ,,Борис Трајковски’’ каде ќе се врши процесот на вакцинација на населението. Вкупно ќе бидат вклучени 42 волонтери распоредени во две смени.
Предвидено е граѓаните на самиот влез да да се обратат кај тимовите на Црвен крст каде треба да се пополни согласност, а потоа ќе бидат упатени на вакцинација.
Уште 12 волонтери остануваат позиционирани во поликлиниките ,, Јане Сандански”, “Чаир” и “Букурешт’ каде веќе еден месец тече процесот на вакцинација и ревакцинација.