Пребарувај по датум:
2021-03-02

Хуманитарен базар „СРЕЌНА БАБА МАРТА”

Во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица  и центар за давање помош во домашни услови”  при Црвен крст на град Скопје на ден 01.03.2021г традиционално се реализираше хуманитарниот базар „СРЕЌНА БАБА МАРТА” во Веро Џамбо. Секоја година позади пултот на Црвенот крст како волонтери се лицата во трето доба, но оваа година поради заштита како најранлива категорија на граѓани погодени од КОВИД-19 беа инволвирани волонтерите од прокетот. Продадени беа околу 500 мартинки каде што средтсвата ќе бидат пренаменети за хуманитарни цели односно за набавка на лекови кај лица во трето доба погодени од КОВИД-19.

Се подарија мартиники и на штитениците од ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември”.

Традиционално на први март се подаруваат мартинки за здравје,среќа и љубов.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.