Пребарувај по датум:
2020-11-16

Традиционална крводарителска акција по повод 13 Ноември

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош, традиционално се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември преку препознатливото обележје во нашиот град на овој ден- организирање на крводарителската акција.

Истата се реализираше на споменатиот датум (петок, 13.11), во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз и на истата крв даруваа 27 лица. Акцијата се реализираше со почитување на сите пропишани протоколи за заштита и самозаштита на дарителите и сите оние кои се вклучени во организација на процесот.

Во услови на пандемија, дарувањето крв е исклучително важен чин на солидарност и хуманост кон оние на кои им е потребна крв и крвни продукти.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.