2020-10-05
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА
Во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” по повод одбележување на Светкиот ден на старите лица 1 Октомври се реализираа три работилници водени од психотерапевт на тема „Рано закрепнување во пандемија на КОВИД-19 кај лица во трето доба” поддржани од Швајцарски Црвен крст. Обуките беа наменета за стручна служба, волонтери, волонтери од мобилни тимови, негуватели, помагатели и персонални асистенти што работа со лица во трето доба. Целта на овие работилници е зајакнување на капацитетите на учесниците кои работат со стари лица за помош и поддршка за време на КОВИД-19 и пост-КОВИД-19.