Пребарувај по датум:
2020-08-12

Мотодефиле и симулациска вежба

Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Министерството за внатрешни работи на РСМ и Мотоциклистичката федерација, организираа јавен настан – мотодефиле и симулациона вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист. Истата беше реализирана во централното градско подрачје- „ Порта Македонија“ и предизвика внимание кај голем број минувачи.

Вежбата беше организирана со цел подигање на свеста на учесниците во сообраќајот за поголема безбедност на мотоциклистите како едни од учесниците во сообраќајот.

На вежбата зедоа учество 6 волонтери кои прикажаа санирање на типични повреди од сообраќајни незгоди кај мотоциклисти.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.