Прифатно-транзитни центри
Мобилни тимови за хуманитарна асистенција во прифатно – транзитни центри
Со најавата за појава на можен бегалски бран од соседна Грција во мај 2015 година, Црвен крст на град Скопје започна со итна мобилизација на волонтери и професионалци како одговор и поддршка на РСМ и институциите на системот со цел полесно справување и намалување на ранливоста на бегалците и мигрантите од Блискиот Исток.
Со етаблирањето на двата прифатно транзитни центри за институционално згрижување и третман на лицата во движење, поточно во општините Гевгелија – Винојуг и селото Табановце во општина Куманово, Црвен крст на град Скопје воспостави систем за адекватен и брз одговор на потребите на ранливата категорија на лица со воспоставување и работа на Амбуланта за прва помош, транспорт до општите болници и Комплекс клиники во Скопје, мобилна кујна, магацини за дистрибуција на непрехранбени продукти, Служба барање како и служба за психосоцијална поддршка.
Активностите на Црвен крст на град Скопје беа поддржувани од многу организации и донатори како и најголемиот партнер Високиот комесаријат за бегалци УНХЦР, со што активностите продолжија и по затворањето на познатата мигрантска рута во март 2016 година со отпочнување на работа на мобилен тим за згрижување на ирегуларна миграција по должина на северната граница.
Секако, тоа што го одбележа работењето на тимовите во двата транзитни центри е Службата барање, позната како РФЛ односно Служба за воспоставување на семејни врски, што на миграните им овозможи да стапат во контакт со изгубените членови од нивните семејства, но и да им се овозможи нивно спојување во некои од државите на Западна Европа.
Со отпочнувањето на работата на ПТЦ Винојуг како и ТЦ Табановце, Црвениот крст во континуитет од 2015 година бележи бројка на повеќе од половина милион згрижени бегалци и мигранти, каде што и понатака работи и делува согласно мандатот и принципите на Националното друштво и Црвениот крст во РСМ.